Се бара од Уставниот суд да ги поништи предвремените парламентарни избори од 11 декември минатата година, како и да се поништи гласањето на дијаспората, а како подносители се јавуваат граѓани, пренесува Макфакс.
Ова не е невообичаена практика за Судот бидејќи и зад оспорувањето на Законот за помилување на претседателот на државата, кој предизвика големи правни и политички потреси, фигурираше извесен охридски адвокат, за кој подоцна се утврди дека работи во тимот на бранители на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,за која СЈО води истражна постапка.Исто така, и зад иницијативата со која се оспорува Законот за СЈО е потпишан светиниколски адвокат.
Филиповска ниту негираше, ниту потврди дека е можно да постои и друга иницијатива поврзана со изборниот процес, со објаснување дека во моментов нема пристап до базата на податоци.
Макфакс неофицијално дознава дека, сепак, е пристигната уште една иницијатива од граѓанин, со која се оспорува еден сегмент од изборниот процес – гласањето на дијаспората. Се бара оценка на уставноста и законитоста на членот 4,став 6 од Изборниот законик, во кој е регулирано дека во „изборната единица која ги опфаќа Европа,Африка,Северна и Јужна Америка,Австралија и Азија е избран пратеник, доколку листата на кандидати за пратеник освоила тројно поголем број гласови од бројот на гласови со кои е избран пратеник со најмал број гласови во изборна единица во Македонија“.