Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара заедно со претседателските избори, кои треба да се одржат во април, да има и предвремени парламентарни. Но, дали изборите се најдоброто решение во моментите кога е неопходно заокружување на реформите, потребни за членство во ЕУ и НАТО.
Аналитичарот Насер Зибери вели дека предвремените парламентарни избори би биле недозволив луксуз. Според него, ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за предвремени избори, но поради неможност да понуди некаква алтернатива за актуелните проекти на Владата, повикува на распишување на предвремени избори.
Зибери, додава дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, оставаат мала можност – некоја албанска партија да влезе во коалиција со нив.
„На земјата во моментов не ѝ се потребни предвремени избори, по завршувањето на турбулентниот циклус во државата со уставните измени, особено во меѓународните односи, кои на земјата ѝ отвораат евроатланска перспектива. Владата, Собранието и институциите треба да им се вратат на домашните задачи и пристапот на заокружување на реформите кои нѐ водат кон НАТО и ЕУ. Мислам дека претседателските избори ќе бидат тест на кој политичките партии ќе имаат можност да си ги измерат силите и потоа евентуално да се разгледа идејата за предвремени избори“, изјави Насер Зибери, аналитичар.
Аналитичарот Петар Арсовски, пак, со став дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ е логично и дека има добри, но и лошо страни. Според него, во моментов Македонија е исправена пред големи предизвици кои треба да ги помине успешно, но сепак, како што вели, изборите би биле добро решение за воведување нови политики.
Предвремени парламентари избори побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Откако беа изгласани уставните измени во Собранието, ја обвини Владата за непочитување на волјата на народот, алудирајќи на септемврискиот референдум за промена на името. Инаку, мандатот на актуелната Влада истекува по две години.
Извор: 21ТВ
