Во овој момент кај Триумфалната порта, се оддржува 84-иот протест на исклучените од Топлификација , известуваат од иницијативата.
„На почетокот се дадоа кратки изјави и се кажа конекцијата на Груевски со БЕГ и неговите газди.
Следно на протестот ќе биде читањето на говорите кои на 28. 12. 2015, во Собранието на РМ, ги одржаа пратениците. Ќе се чита говорот на пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ. Благоја Стојановски е по занимање дипломиран машински инжинер. Тој многу стручно објасни дека се глупости тврдењата дека исклучените добивале топлина. Но тоа не ги убеди пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, па пратеникот Зоран Илковски реплицираше.
Во „ Бомбата 83 “, која ќе биде прочитана на протестот, ќе биде обелоденето чија е идејата термоелектраните да се преориентираат од јаглен на гас“, велат иницијаторите на протестот.