Празните предизборни ветувања ги налутија мештаните на велешкото село Сливник

Ветувањата од предизборието со рок на важност до завршувањето на изборите – вака жителите на велешко Сливник раскажуваат за патот кој го чекаат повеќе од една деценија. Дупки, камења и длабоки ровови го отежнуваат движењето во селото, а жителите се особено загрижени за доаѓањето на зимата и снегот кој комплетно го оневозможува пристапот. Велат минатиот изборен циклус, од голем број политичари добиле уверувања дека ќе добијат асфалтиран пат.
Жителите на Сливник велат дека се чувствуваат искористено, а сега се обесхрабрени и размислуваат да не гласаат на претстојните избори. Обвинуваат и на политички притисоци.
Во Сливник нема доктор, ниту продавница, жителите се приморани секојдневно да патуваат до Велес.
Градоначалникот, Славчо Чадиев за 24 Вести вели дека веќе има изработено проект и ревизија на истиот, но патот во должина од 5,8 километри чини 35 милиони денари, сума која општината не може да ја издвои.
„Јас ги повикав жителите на состанок и ги прашав што им е приоритет. Тие одбраа канализација. Рекоа за патот можат да почекаат“, рече градоначалникот Чадиев во телефонска изјава за 24 Вести. Од ДУИ не добивме одговор.
Сливник брои околу 1500 жители, а партиите калкулираат со околу 700 гласови.

Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e