Православните христијани ширум светот, како и во Македонија и црквите што се водат по Јулијанскиот календар, денеска го одбележуваат Рождеството Христово – Божик.
Во храмовите на Македонската православна црква утринава се одржуваат божикни литургии. Божик е еден од најголемите христијански празници и го означува Христовото раѓање, а со него завршува и 40-дневниот пост. Празникот традиционално се слави во семеен круг, со одење во црква, причест и богата празнична трпеза.
