Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно дебатираат сами со себе

И 15-тото продоложение на конститутивната седница не се разликува многу од преходните, главниот збор денес го има пратеничката Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, а за реплики и контрареплики веќе константно се јавуваат нејзините колеги. И на оваа седница, пратениците меѓусебно дебатираат и се дополнуваат на темата за  т.н. тиранска платформа, за јазикот и за државните симболи.

„Во вакви моменти, треба многу внимателно да се слуша гласот на народот. Не смееме да ја изиграме волјата на оние луѓе кои 50 дена секојдневно протестираат и прашуваат што е прифатено во таа платформа. Ние сме должни како пратеници да бараме одговор“, рече Затуровска.

За реплики констатно се јавуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, со слични говори и со повторување на претходно кажаното. „Села ни објаснува дека македонската нација не постоела, дека е измислена. Да потсетиме тој и им ги даде своите три потписи на СДСМ. Се прашувам, како би реагирал кога платформата ќе биде инкорпорирана во институциите, кога тој сега јавно го зборува тоа“, додава патеникот Крсто Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на седницата Трајко Вељановски имаше препукувања со пратениците околу процедурата. Процедурално побара пратеникот на СДСМ, Панче Иванов, но претседавачот Трајко Вељаноски рече дека треба да каже каде е прекршена процедурата, а потоа го исклучи микрофонот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, со образложение дека во неговиот говор не кажува каде се крши процедурата.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара одговор зошто сите пратеници наводно немале ист третман, по што Вељаноски возврати дека доколку не му се допаѓа како ја води седницата, тој може слободно да продолжи со претседавањето.

Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e