Пратениците ја усвоија потребата за измени на Кривичниот законик

Собранието попладнево со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се неколкумина пратеници од владиното мнозинство.

По ова ќе заседаваат собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.

Измените се предложени од пратенците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.

Со измените на Кривичниот законик кои се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години. Тој гласи:

„Ако сторителот со извршување на делото од ставот 1 на овој член остварил за себе или за друг имотна корист од поголеми размери, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години“.

Сега се менува на „4 години“.

Во предлогот за кој ќе расправа Собранието се повлечени измените на членот 353 од КЗ за злоупoтреба на службената положба и овластување.

Доколку бидат изгласани измените на Кривичниот законик кои се веќе во собраниска процедура, според информации кои ги пренесе порталот Нова, од кривично гонење можат да бидат ослободени обвинетите во случаите „Тендери“ и „Трезор“. Измените на Кривичниот законик можат да влијаат и врз жалбената постапка на веќе обвинетите во „Тенк“.

Повеќе ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e