Познати градежни компании во 2015 година купувале деловни простории од ЕВН Македонија и од јавното претпријатие Македонски шуми и по неколку месеци ги продале на тогаш сѐ уште владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ за нешто повисока цена, пишува Призма.
Тоа се градежните компании „Бауер БГ“ и „Жикол“, кои во десетгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ работеле на повеќе државни проекти откако биле избрани на тендери.
Четири имоти купени на сличен начин
Во акција кај кој се препознава образец, ВМРО-ДПМНЕ купила четири деловни простории или вкупно околу 800 квадрати во Ресен, Крушево, Гази Баба и во дебарското село Мал Папрадник.
Првиот случај е во Гази Баба.