Познат датумот кога ќе се гласаат уставните промени – ќе има ли протест пред Собрание?

Во понеделник на 17 декември ќе почне комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот, изјави денеска собранискиот спикер Талат Џафери по средбата со неговиот албански колега Грамоз Ручи.

Пленарната собраниска седница е закажана за 9 јануари која се очекува да заврши за една недела и потоа на 15 јануари да се гласа за измените на Уставот. За крајното гласање повторно е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Од 17 декември започнува да тече и рокот за партиите да поднесуваат амандмани на амандманите.

Последните две јавни дебати за уставните измени ќе се одржат денеска во Штип и во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e