Меѓународната и домшаната потренциа што беа распишани за Сеад Кочан се повлечени – дознава Телевизија 24 од извори во МВР.
Според сознанија на телевизијата, потерниците биле повлечени уште во текот на вчерашниот ден. Дали бизнисменот Сеад Кочан, сега во земјава ќе се врати како слободен човек, откако Врховниот суд го укинал притворот и за него сега веќе нема никава потерница.
Одлуката за укинување на притворот била донесена вчера од Врховниот суд, каде претседател е Јово Вангеловски. Вангеловски денеска беше во друштво на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, но никој од нив не сакаше да зборува за случајот.