Повик за линч и посета на адресите на Богоевски, Туфегџиќ и Хаџи-Ангелковски

Додека вчера се одржуваа тензични протести на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и се упатуваа опасни пораки, на „Твитер“ се ширеше список со адресите на кандидатите за пратеници на СДСМ од граѓанскиот сектор, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ, како и на активистот на „Шарена револуција“ Демијан Хаџи-Ангелковски.

 

Дел од корисниците на социјалните мрежи повикуваа на линч или да се посетат овие активисти пред нивните домови и да се обојат со боја нивните фасади. Освен што со објавувањето на личните податоци се прекршува правото на приватност, повиците на линч се сериозен говор на омраза, кој е казнив со закон.

Извор: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e