Повеќе земји членки на ЕУ за почеток на преговорите во јуни, Франција и Холандија сѐ уште резервирани

И покрај големата поддршка на бројни земји членки на ЕУ за почеток на преговори со нашата земја, во Франција, Холандија и други западноевропски земји сѐ уште постои отпор кон овој процес, изјави за МИА унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по појадокот со Никола Димитров и Бујар Османи.

Запрашан дали сѐ уште Париз и Хаг покажуваат отпор за почеток на преговори, Сијарто рече „да, да, има голем отпор од западноевропските пријатели, тие не се толку чувствителни бидејќи се оддалечени од регионот“.

На појадокот организиран од романското претседателство и грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, заедно со министрите за надворешни работи на ЕУ, нивниот македонски колега Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, била искажано „огромно задоволство“ за решавањето на спорот за името и поддршка од повеќе земји членки за почеток на преговори, велат за МИА дипломатски извори.

Најсилната поддршка дошла од источноевропските земји, како и од Италија и Ирска.

Унгарија, истакна Сијарто, смета дека во јуни мора да се донесе одлуката за преговори со Македонија и дека земјата испратила во текот на февруари „свој искусен дипломат да работи за македонското министерство за надворешни работи“.

-Тој е таму да ја помага процедурата на интеграција и што и да и биде потребно на Северна Македонија за да се забрза оваа процедура, ние сме секогаш тука, рече унгарскиот министер за МИА.

Тој изрази жалење што Европската Комисија оваа година подоцна ќе ги објавува извештаите за напредокот на земјите од регионот, односно по изборите за Европскиот Парламент, на крајот на мај.

-Меѓутоа ова не смее да биде причина да не се донесе одлуката за преговори на Советот во јуни, романското претседателство ја има нашата целосна поддршка да го стави прашањето на агенда во јуни на позитивен начин и да донесе одлука за почеток на преговори, вели Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e