Повеќе наставници, а се помалку ученици во средните училишта

Во последните 15 години во Република Македонија е забележан енормен пад на нови ученици, а зголомен бројот на вработени наставници во средните училишта. Доколку во учебната 2000/2001 година 5.501 наставник предавале на 93.161 средношколец, 15 години подоцна во учебната 2014/2015 година, 7.402 наставници предаваат на 83.522 ученици. За 15 години бројот на средношколци опаднал за 9.639, а бројот на наставници пораснал за 1.901 наставник.

На што се должи ова зголемено вработување на просветните работници доколку бројот на средношколците константно се намалува?

Најмногу наставници во средните училишта вработиле општинските власти на Тетово каде за 32 ученици повеќе тие вработиле 313 нови просветни работници. Веднаш потоа е Гостивар каде за 474 ученици повеќе, вработени се 225 нови наставници.

Ваквиот негативен тренд на зголемување на бројот на наставници и покрај тоа што се намалува бројот на ученици е присутен не само во западниот, туку во сите региони на државата. Во Радовиш, за нешто повеќе од една деценија бројот на ученици се намалил за 309, а бројот на наставници пораснал за 22. Во Штип пак, бројот на средношколци изнесува 955 помалку отколку во учебната 2000/2001 година, а бројот на наставници се зголемил за 12 повеќе.

Во скопскиот регион најголема разлика помеѓу бројот на учениците и бројот на наставниците е направена во општина Карпош каде за 15 години бројот на средношколци се намалил за 1.414, а бројот на наставници се зголемил за 49. Во општината Аеродром од учебната 2006/2007 до минатата година бројот на средношколци се намалил за 469, а пак бројот на наставници во средните училишта е зголемен за 50.

Овие бројки се показател за неколку не побитни факти кои и се случуваат на Република Македонија во последната деценија, а тоа е намалување на наталитетот на државата, масовното иселување и користење на државната каса за подмирување на долговите и обврските на партиите кон своите активисти..

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e