Амбасадорот Чарлс Гарет и британски министер за Европа и Америка, Алан Данкан, во моментов се во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, дознава НОВАТВ. Нема информација каква е мисијата на оваа посета на дипломатите во земјава, но доаѓа откако ДУИ објави дека се надминатите разликите околу употребата на албанскиот јазик и од утре ќе почне да се договара програма за новата влада со СДСМ, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска најави дека владата ќе се формира на почетокот на март. По средбата во ВМРО-ДПМНЕ, дипломатите ќе одат на средба во партиското седиште на СДСМ.
Целиот текст прочитајте го тука