Потсетување: Денеска и утре полицискиот час започнува од 16 часот

Денеска и утре забраната за движење ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите, наместо во 21.00 часот како во работните денови од седмицата.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Изземени се единствено земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Другите земјоделци ако имаат неодложни активности треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени, додека работниците во време наполицискиот час ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e