Поставен нов началник на СВР Струмица

Танчо Пројковски е поставен за нов началник на СВР Струмица, информираше денеска директорот на БЈБ Лазо Велковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Како што појасни, направени се одредени кадровски промени во БЈБ во консултации со министерот за внатрешни работи.

Велковски рече дека не се согласува со забелешките дека кадровските промени одат многу бавно, бидејќи, како што наведе, не сакале да избрзаат со одредени кадровски прашања.

– Ветивме на целокупната јавност и на меѓународната јавност дека ќе правиме смени онаму каде што ќе оцениме дека тоа е неопходно и од тие причини правиме консултации со колегите, разговараме со цел да пронајдеме вистински луѓе на вистински места. Сите досегашни кадровски промени ви гарантирам дека се направени согласно законите за полиција и за внатрешни работи. Немаме намера да правиме кадровски промени предвреме знаејќи дека тие кадровски решенија ќе бидат обжалени и ќе биде оштетен буџетот на МВР, рече директорот на БЈБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e