По пет дена откако беше назначен, новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој Влатко Стојкоски, вчера на седницата на актуелната влада, си поднел оставка.
Информацијата за телевизија 24 ја потврди министерот за земјоделство Михаил Цветков. Стојкоски, кој е од редовите на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, на директорската функција дојде од кабинетот на државниот секретар во Минисерството за одбрана.
Сега на местото на Стојкоски, доаѓа Игор Златков, досегашен директор на Агенцијата за поттикнување на земјоделството во Битола..Златков во телефонски разговор ни потврди дека тој е новиот директор на Платежната агенција која менаџира со исплатата на субвенциите. При тоа Златков посочи дека е можно до крајот на неделава да продолжи исплатата на субвенциите.
„Штом ги извадам потребните документи и штом го депонирам потписот во Централниот регистер, веднаш следниот ден ќе го потпишам решението за исплата на субвенциите.“ – вели Златков.
Објаснува дека штом заврши со процедурите за официјализирање на неговата функција ќе го потпише решението за исплата на субвенциите, оти како што вели Антикорупциската комисија вчера донела позитивно мислење дека исплатата може да продолжи. Реагираа од СДСМ.
Љупчо Николовски повика веднаш да се исплатат субвенциите и ги отфрли обвинувањета на министерот за земјоделство, Михаил Цветков, дека СДСМ е виновна зошто е стопирана исплатата.
„Никој не ги спречуваше Цветков и платежната агенција да ги исплати задоцнетите субвенции.“ – изјави Љупчо Николовски од СДСМ.
Извор: Телевизија 24