Денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа јавна дискусија на која се вклучија наставници и ученици кои заедно со одговорните лица дебатираа за изнаоѓање модели за воведување на медимуската писменост во образовниот процес.
На дискусијата се обратија Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, Министерот за образование и наука Арбер Адеми, претставикот од Делегацијата на ЕУ во земјава Феручо Бого и Директорот на Бирото за развој на образованието Зекирија Хасипи.
Настанот е ворамки на одбележувањето на Глобалната Недела на медиумска писменост која се реализира со низа активности под покровителство на УНЕСКО.
-Денешнава дискусија е еден вид на презентација на политиките на Владата и институциите во насока на подобрување на медиумската писменост или култура. Покрај сите овие активности кои јас исклучително ги ценам и почитувам што досега се случуваат клучно прашање е како Владата реагира на овие прашања. Според оние информации кои ние ги имаме е дека до 2008-та година нешто се работело на оваа тема во образовниот процес. Оттогаш како да има некаква пауза. Сметам дека има мали сегменти во образованието, но тоа не е доволно. Затоа денеска сме тука да ги презентираме нашите видувања. Неопходно е широка општествена мобилизација. Граѓаните се недоволно информирани или неможат да проценат што се квалитетни информации, а што лаги и невистини и шпекулации. – рече Поповски.
Поповски вели дека има сериозни истражувања кои покажуваат една непријатна состојба, а тоа е дека сме на последното место во Европа по проценката на точноста на информации кои граѓаните ги добиваат.
-Потребна е сеопшта акција. Од една страна Владата, институциите мораат да си ја завршат својата работа, од друга страна образовниот систем мора да обрне максимално внимание на ова прашање, граѓанскиот сектор да се вклучи за да знаеме како да продолжиме понатаму. Потребно ни е искуството од оние кои го имаат во оваа проблематика за да процениме каде да интервенираме, се ова што доаѓа како иницијатива да го преточиме во законска регулатива. – рече министерот Поповски.
-Владата се залага сеопфатен национален образовен систем кој ќе се надградува со актуелни текови и модерни трендови. За ова прашање сме силно заинтересирани. Веќе работиме на подобрувањето на медиумската писменост со цел уште од најмали нозе поединците да направат дистинкција меѓиу лажна и вистинска вест. Имаме потреба конкретно да се фокусираме во основно и средно образование дали со посебни содржини или посебен предмет посветен на ова прашање на медиумската писменост. – рече Адеми.
Одговорните потсетија дека Владата го реализира Акциски план за борба со лажните вести.
Х.С.
ФОТО: Борче Поповски