Тема на разговорот помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната средба бил напредокот на Македонија во приклучувањето кон Европската унија.
Двајцата соговорници го потврдиле фактот дека за одржување на реформскиот процес и патот кон ЕУ од суштинско значење е одржување на фер и демократски избори.
Се разговарало и за бегалската криза и за помошта која земјава ја добива од Европа.
Попоски на новоименуваниот амбасадор му посакал успешна дипломатска мисија во Македонија.