Попоски на неформален министерски состанок во Братислава

Никола Попоски, заменик претседател на владата и  министер за надворешни работи учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа на 2 и 3 септември 2016 година во Братислава. – објави Мета.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека на состанокот се дискутирало за борбата против тероризмот и радикализацијата како и на поефикасното справување со предизвиците од мигрантската криза.

„Заедничката борба против тероризмот би дала многу подобри резултати ако се случува преку интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ и НАТО“, рекол Попоски.

Впечаток од состанокот е дека после подолго време, значаен дел од членките на ЕУ гледаат на балканските земји како на клуч за стабилност во Европа. Испративме заедничка порака од четирите кандидати дека на нашето членство не би требало да се гледа како на хоби или извор на проблеми, туку како на рецепт за обезбедување долгорочен мир во регионот“, изјавил Попоски по состанокот.

За прв пат на состаноците од овој формат, земјите кандидати од регионот, Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија настапиле заеднички и презентирале заедничка позиција во однос на главните теми на дискусија.

За време на состанокот, Попоски остварил билатерални средби со министрите за надворешни работи на Унгарија, Австрија и Германија, како и со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и министерот за надворешни рабoти на Словачка Република Мирослав Лајчак.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e