Со одлука на Управниот суд во Скопје донесена на 31.08 2016 година Одлуката на Комисијата за лустрација ,за лустрирање на Ѓорѓи Спасов е поништена. Адвокатот на Ѓорѓи Спасов, за оваа одлука е известен дури вчера, односно речиси шест месеци по донесувањето на одлуката.
Во образложението на одлуката, Управниот суд наведува дека Одлуката на Комисијата , за лустрација на поранешниот министер за правда и амбасадор Ѓорѓи Спасов „се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право„.
Фактичката состојба е погрешно утврдена и истата е заснована на нерелевантни докази- констатира судот.
Ѓорѓи Спасов беше лустриран на 15.12 2014 година, а веста за неговата лустрација беше објавена на насловните страници во некои од дневните весници, во централните информативни емисии на телевизиите и речиси на сите портали на интернет.
Прилог. Фото копија од Одлуката