Во најновиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Владина службеничка ми поднела преставка дека сум ја дискриминирал оти на „Телма“ државната администрација сум ја нарекол „монструм“. Да не е монструозно, би било смешно или за сожалување? Ако е и од ДПМНЕ-очајничка, многу е!
ДИЛЕМИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ
Откако Заев го посочија како кандидат за претседател, премиерот ја отфрли можноста. Во игра се уште и Шекеринска, како и непартиските Димитров, Пендаровски, Лазарова – Трајковска, Малески… Кај опозицијата предност може да добие Каракамишева пред Славески, зашто за ДПМНЕ поисплатливо е да ги истакне националните отколку економските прашања
НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КРЕАТОРИТЕ НА „ПУЧ“
Откако СЈО ја откри вистината за масовното прислушување и покрена обвинение, како сите да заборавија дека имаше друга „вистина“ за аферата наречена „Пуч“. Предметот потпишан од обвинителот Златко Биковски пропадна, луѓето што ги обвини се на слобода, а тој се уште работи како обвинител
„ПОЛИТИЧКИТЕ БЕГАЛЦИ“ НА ВМРО
Ванчо Михајлов и Никола Груевски ги дели временски период од речиси еден век. Оттука, јасно е дека помеѓу двајцата познати водачи на ВМРО има голем број разлики. Но, од пред два месеца ги спојува една суштинска сличност. И двајцата се „политички бегалци“ принудени да ја напуштат сопствената земја. Пронајдовме барем уште десет сличности меѓу нив
ЗОРАН ДИМОВ: ДОЛЖНИЦИТЕ ЌЕ ВРАЌААТ ДОЛГОВИ, КОГА ДРЖАВАТА ЌЕ ГО КАЗНУВА ПЛАЌАЊЕТО ВО КЕШ
Од 2006 година, кога стапи на сила Законот за извршување, досега извршителите вратиле кај доверителите околу 1 милијарда и двесте милиони евра, вели Зоран Димов, претседател на Комората на извршителите. Со Димов разговаравме за причините на револтот кон извршителите
ОД ПАСЕЊЕ ТРЕВА НИКНУВААТ РОГОВИ
СДСМ не е слаба поради јакоста на ВМРО-ДПМНЕ како што и ВМРО-ДПМНЕ не е слаба поради силината на СДСМ. Туку, објективно гледано, ужасно слаби и непопуларни се и двете водечки партии, сосе ДУИ во неговиот гласачки сектор. На сите анкети, како и на изборите, најмногу поддршка добива опцијата „за никого“.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ само мисли на тоа како да ја освои власта, така што ќе го заобиколи меѓународниот притисок за да му се допадне на гласачкото тело, тогаш не ја разбира моќта на меѓународната политика
Стојан АНДОВ
За да не се проблематизира ратификацијата на Договорот во грчкиот парламент, амандманите мора да бидат така срочени што грчката страна не ќе може да извлече заклучок дека Собранието отстапува од обврските што ги има Македонија според Договорот од Преспа
Сашо ТАСЕВСКИ
Изгледа сите сте заразени од вирусот на Хорхе. Се претворате во ФИКУСИ на меѓународен и домашен план. Врнат гомна ко лубеници, вие мирно ја пасете јонџата. Кој треба да реагира ако функционер во бугарската влада ме нарекува неосвестен или абортиран Бугарин? Вие како држава или јас како Сашо на Фејсбук?
Ана ПАНОВСКА
Сега браќата вмровци, откако сфатија дека не можат да продолжат да ја молзат македонштината, а истовремено да го понижуваат и да го негираат делото на Конески, свртија нов лист! Почнаа да го величаат, дури и на нивните митинзи почнаа да рецитираат стихови од неговата поезија од „Тешкото“, „Везилка“… Убаво, ама доцна!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Владата на Зоран Заев веќе нема многу маневарски простор, актуелните негативни состојби во многу сфери на владеењето да ги бара во негативното и лошото наследство од претходната власт. Времето на Никола Груевски одамна е поминато и тој веќе не може да биде политичко алиби за ништо
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Спасот е само во примена на „Грузискиот модел“ на расформа, па дури потоа реформа на тајните служби. Тоа значи кадровско ресетирање со целосно отпуштање на вработените и распишување конкурс за реобновување со деполитизирани и департизирани, стручни и професионални кадри
