Политичка демаркација

Денес е понеделник, уште еден прв работен ден во диктатурата. Уште малку понеделници ќе останат за политичка демаркација, помеѓу нас, кои припаѓаме на заедница на владеани и кое припаѓање ни наложува солидарно учество во претходно-споменатата заедница и помеѓу нив – врбувачите на заробената држава.

Денеска треба да излезат со соопштенија УКИМ, ПФ „Јустинијан Први“, Студентски Пленум, Професорски Пленум, НВО, СДСМ – имено, сите или било кој од нив, кои во еден момент воскликнале од пишувањата на нападнатиот професор. Тој гест на интимно поврзување со стресот и вознемиреноста како негово преживеано искуство и такво искуство на неговите ближни, не е само поврзување со конкретната, неколкукратна жртва на диктатурата, а истовремено и еден од најбравурозните умови на нашата современост. Напротив, тоа е колективно поврзување и средиште на заедницата, тоа е гест кој ќе ни помогне на сите нас да направиме јасна политичка демаркација – помеѓу нив и помеѓу нас. Истава, меѓу другото, ќе ни помогне да ја изградиме и позицијата за новото општество, а таа позиција нужно е позиција на солидарност. Таа, исто така, е и позиција која ја носи меморијата, потребна да не се повтори ова никогаш повеќе.

Тоа така било, така и ќе остане, само прашањето е дали нас ќе не’ биде или нема да не’ биде. „Ако мојата слобода или слободата на мојата класа, или на мојот народ зависи од бедата на извесен број други човечки битија, системот што го поддржува ова е неправеден и неморален. Но ако ја ограничам или се откажам од својата слобода, за да го намалам срамот од таквата нееднаквост, а со тоа суштински не ја зголемувам индивидуалната слобода на другите, тогаш се јавува апсолутна загуба на слободата.“
— Берлин Исаја, „Четири есеи за слободата“, Култура, Скопје, 2002, с. 232

P. S. Малолетниците кои се користат како топовско месо се оштетени млади коцкари или слични ситни деликвенти, а не патриоти. Со нив треба да се бават центрите за социјална заштита. Оттука, не постои јасен фронт, ниту пак постои јасна опасност од граѓанска војна – тоа постои само во вмровските калкулации.

P. P. S. Сите ваши виртуелни пријатели кои имаат сила да релативизираат отворено насилство, кои се дотолку неписмени и како за спасоносни појаси, се фаќаат за законите на диктатурата – избришете ги, растеретете ја нашата кревка заедница, истава не може да издржи уште авторитарност каква што има во авторитарниот процедурализам; тие така ќе релативизираат до крај, дури и до бескрај – каква што може да стане вмровската власт, ако треба да се потпре само на нивниот хабитус.

Фејсбук статус на Вики Младенова, граѓански активист

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e