Бујар Дардишта поранешен висок функционер на ДУИ и директор во неколку државни институции бил , дознава Прес24 од свои извори.
Акцијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одеелот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.
По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово, неофицијални при претресите до сега се пронајдени и одземени парични средства во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.
Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и Куманово.
Информацијата се уште нема официјална потврда ниту од МВР ниту од ЈО.
Бујар Дардишта, беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа и управител на едно од новоформираните три претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ.
Дардишта стана „популарен“ во јавноста откако Државниот завод за ревизија утврди дека во 2019 година кога тој бил директор на Управата биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4 отсто од вкупниот број издадени изводи од матичните книги. Во реализираната ревизија бил констатиран кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп. Односно, ДЗР утврдил дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси.
Последен пат неговото име се споменуваше за време на собирот на УЧК во центарот на Скопје каде тој беше претставник на организациониот одбор.
