Откако не го најде во својот дом, полицијата вечерва е околу централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во потрага по Никола Груевски. Полицијата се уште нема влезено во штабот.
Како што претходно објави Фокус, според неофицијални информации постои можност Груевски да се крие во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што наводно бил виден како влегува во петокот. Па така се зборува дека таму би се криел се додека претседателот Ѓорге Иванов не го помилува.
И сопругата на Груевски, Боркица,како што пренесуваат дел од порталите според неофицијални информации рекла дека последен пат го видела утрото во петокот, од кога и му се губи трагата.
Доколку бегалецот Груевски пак веќе ја напуштил државата, тоа морало да го стори на нелегален начин, бидејќи му е одземен пасошот.
