Четири лица, најверојатно обезбедување, ги пречекаа од автомобилот градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и неговата сопруга и ги внесоа во свечената сала на градскиот театар, каде се одржа церемонијата по повод 4 Ноември, денот на ослободувањето на градот.
Многубројно беше приватното обезбедување, а голем беше бројот и на полициски службеници во униформа и во цивил во свечената сала, каде Талески држеше долг говор, зборувајќи за успесите на Општината во изминатата година, за новите инвестиции и за сè што планира да направи до крајот на својот мандат, идната пролет.
На крајот Талески ги повика на сплотување тие што, како што рече, сакаат да го поделат македонското ткиво.
На церемонијата не дојде добитничката на наградата „4 Ноември“ за животно дело, уметницата Милица Шперовиќ-Рибарски, туку го испрати синот Емил кој го зеде признанието од градоначалникот Талески.
Извор: Мета