Полицаецот А.Б., е лицето кое утринава загина на преминот во Маџари, откако товарен воз кој сообраќал од Табановце кон Скопје удри во неговиот автомобил.
Според првичните информации, тој со службено возило „фолсваген венто“ го минувал преминот во Маџари, при што на неговото возило налетал товарниот воз. А.Б. починал на самото место. Тој бил полициски службеник од ПС Гази Баба, а веста ја потврди и МВР.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој врши увид на местото на несреќата.
Фото: МИА
