Почина македонската режисерка Билјана Гарванлиева

Денеска во Берлин почина македонската режисерка на документарни филмови, Билјана Гарванлиева.

„Почитувани пријатели, денес не напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на нејзиниот последен видео документарен запис. Почивај во мир!“, напиша уметникот Јован Балов на социјалните мрежи.

Гарванлиева имаше само 43 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e