Во последните денови сведоци сме на повиците за личнување на одредени луѓе од политичката сцена и повикот за војна од страна на актерот Владо Јовановски, повици од кои јавноста на некој начин е згрозена, актер кој доби ненормални пари од страна на владата за снимање на таканаречениот серијал ” Истражи ја Македонија “.
Но приказната не завршува тука. Актерот Тони Михајловски кој до пред некоја година беше цврсто против владата на ДПМНЕ, од некоја причина стана нејзин силен поддржувач, па дури и ги водеше некои од настапите на партијата за време на кампањата за изборите на 11 Декември.
А по примерот на неговиот колега Владо и тој повикува на војна, додека водителот на емисијата “Јади Бурек” , Јанко Илковски коментира дека прво требало војна па потоа мир.
-Војната ја паметиш?
-Не.
-Е па тоа е проблемот. Никој ништо не памети. Нова ВОЈНА ТРЕБА!!! – Напиша Михајловски на Фејсбук
Како што би рекол актерот Јовановски, “Чудесна е оваа моја земја Македонија”.
На каква војна мислат и пропагираат се должни да објаснат на јавноста. Но и на каква да мислат треба да се подзамислат што пишуваат бидејки се работи за јавни личности со многу следбеници. Што и да им била идејата, голема е веројатноста во нашата политичка ситуација некој буквално да ја свати пораката и со тоа да се зголемуваат тензиите и во онака тензична држава.