По обидот за убиство во Кочани, телохранителот на Мијалков во бегство

Драганчо Стоименов познат како Дацо Белски, којшто е телефранител на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков е во бегство по синоќешниот оружен инцидент, кој се случи во угостителскиот објект Аква во Кочани. Обвинителство денеска објави дека против него е почната истрага за сторено кривично дело убиство во обид, а четири лица се на распи за случајот. Телма вчера објави дека по расправија меѓу две групи Стоименов пукал во својот поранешен пријател Драган Здравев, познат како Дач.

Полицијата се уште не ги открива мотивите и покрај тоа што низ Кочани се говори дека пресметката е за рекет. Телма денеска беше во Аква или поранешната дискотека Тропикана. Вработените велат дека тие се од утринската смена и не биле сведоци на синоќешниот настан

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e