По Груевски и Иванов оди во Турција

Претседателот Ѓорѓе Иванов од 4 до 6 април ќе престојува во Истанбул, Турција, каде ќе учествува на 20. Евроазиски економски самит.

На самитот се поканети и претседателот на Албанија, Бујар Нишани, Филип Вујановиќ од Црна Гора, Стипе Месиќ од Хрватска, како и претставници од Босна, Летонија, Молдавија, Романија, Азербејџан, Авганистан, Косово и други земји.

На трети април Иванов треба да се сретне со претседателот на Европскиот самит Донал Туск кој ќе допатува во Скопје за да му пренесе порака од Европскиот совет за европските перспективи на целиот регион.

Останува отворено прашањето дали Иванов (кој претходно одби да се сретне со Хан) во последен момент ќе ја откаже и средбата со Туск и ќе замине порано за Турција?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e