По бомбата на Заев, Универзална сала две години затворена

Валкани прозорци, искршен тротоар, згужвани лименки и шишиња го надополнуваат мирисот на урина што се шири од сите страни на салата. Објектот навечер е во темница, единствeно светло кај главниот влез е од банкомат на „Уни банка“.

Иако свети и тој не работи. На него стои пораката „Терминалот се сервисира, ве молиме посетете некој од останатите терминали“, слично на пораката на веб страната на Универзална сала, каде со големи букви пишува „Концертната сала не е во употреба“.

На последниот настан, трибината на СДСМ на 10 март, 2015, Заев побара оставки од Владата, јавниот обвинител Марко Зврлевски и од раководството на Македонската телевизија. На трибината, гостите ја слушаа осмата бомба на опозицијата која се однесува на наводно местење избори преку изработка на лични карти, кражба на избирачки списоци, организирање авионски превоз за гласачи од дијаспората, злоупотреба на стари лица, деца без родителска грижа, на војници и полицајци во текот на изборниот процес.

Се преслушуваа наводните разговори меѓу тогашните министри Гордана Јанкулоска, Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа-Милевска, тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на тогашниот премиер Мартин Протуѓер, директорот на Македонски телеком Жарко Луковски, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, претседателот на ДПА Мендух Тачи и вицепремиерот за спроведување на Рамковскиот договор Муса Џафери. Универзална сала беше преполна, се седеше и на скалите, а огромен број граѓани кои не успеаја да влезат во салата, трибината ја следеа однадвор.

Кога заврши трибината и салата се испразнила, парче од таванот се откорнало и паднало врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата. Тогаш беше актуелен проектот според кој салата требаше да се урне, а на нејзино да место да се изгради целосно нов објект во форма на јајце. Истата година, Универзална сала беше преименувана во Конгресен центар Александар Македонски, а имиња добија и сите помали сали кои требаше да се изградат според проектот во форма на јајце. Па така, во Универзална сала се сместија и конгресни сали со имињата Гоце Делчев, Методија Андонов-Ченто, Борис Сарафов, билетарните сали добија имиња Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков-Мисирков и Браќа Миладиновци.

И две години од прогласувањето на универзална за затворен објект ниту тага ниту глас за нејзиното реновирање.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e