Петровска: Одговорноста има име и презиме – вчерашниот настан не е самоубиство, туку убиство

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка во Собранието, Славјанка Петровска, преку објава на Фејсбук упати остри критики по повод последниот трагичен настан, посочувајќи дека одговорноста не смее да се релативизира со формулацијата „системот е виновен“.

„Сè додека велиме системот е виновен, системот убива, да го промениме системот, дотогаш ќе имаме нови ‘Кочани’, нови ‘Фросина на Партизанска’, нови ‘Мајка и ќерка убиени’, нови ‘Росица од Велес’, нови ‘Жртвите од Куманово’“, наведува Петровска во статусот.

Таа потенцира дека зад секоја институција стојат конкретни лица со име и презиме и дека одговорноста мора да биде индивидуализирана. Според неа, покрај моралната, мора да се утврди и кривична одговорност таму каде што постои пропуст.

„Надлежните имаат име и презиме, а тоа име и презиме има одговорност. За моралната не сакам да зборувам, но за кривичната има институции во кои има име и презиме кој е задолжен за што“, пишува таа.

Во објавата, Петровска оценува дека „вчерашниот настан не е самоубиство, туку убиство“, обвинувајќи ги инспекторите и вработените во Министерството за внатрешни работи и во центрите за социјална работа дека не постапиле соодветно.

„Вашите изговори и кревање раменици го убија малото девојче. Убија многумина млади деца, мајки, жени. До кога?“, прашува Петровска во својата реакција.

Нејзиниот статус предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а јавноста очекува институциите да излезат со официјални информации и евентуални мерки за утврдување одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e