Лидерот на НСДП, Тито Петковски во емисијата “200” на Алсат-М, вечерва обзнани неколку работи поврзани со периодот кога неговата партија беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
– Бев разбуден во 01:30ч од Никола Груевски за да ме праша за преименување на аеродромот во Александар Велики. Го прашав, зарем е можно за вакви глупости да ме будите во 01:30ч, и тогаш сватив дека нешто не е во ред со човекот, посведочи Петковски.
– Затоа после година и пол од коалицирањето јас на еден конгрес на партијата се извинив на нацијата за тоа што не сум можел да проценам со каков човек склопувам пакт да влезам во Влада, рече лидерот на НСДП.
Тој се присети и на улогата на тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Џулијан Милованович и нејзината улога при формирањето на владината коалиција во 2006 г, кога Петковски го вратила од пат во Грција и лично го убедувала дека НСДП треба да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ затоа што мандатарот Груевски бил според неа надежен економист и реформатор кој ја реформирал партијата.