Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, (чиј мандат е незаконски продолжен со новиот избор) побарал средба со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и заедно со уште два члена на Советот биле на средба во СЈО, тврдат за Сведок, извори од двете институции, информира порталот Сведок.
Средбата била остварена пред Нова Година и за многумина е изненадување зошто Аневски ја барал средбата, ако се знае дека ова тело во целиот период е главен кочничар за работата на СЈО.
Остварената средба, за која нема детали што се разговарало, доаѓа во време кога Советот треба да одлучи по барањето на СЈО за предавање на предметот „Сопот“, за кој, веќев членовите Албанци се изјаснија дека ќе гласаат да се префрли во надлежност на СЈО.
Tекстот во целост прочитајте го тука