Перформанс “Made for Happiness” на Ива Свештарова и Вили Прагер во Кино Култура

Перформансот “Made for Happiness” на Ива Свештарова и Вили Прагер во Кино Култура ќе се одржи на 19 октомври во 20:00, во организација на Локомотива -Скопје во рамки на програмата „Уметност Политика Институција Тело“.

“Made for Happiness” е коментар за односот кон среќата, поттикната од современата култура. За создавањето на нивниот перформанс “happy show”, авторите Ива Свештарова и Вили Прагер изучуваат различни прирачници, тестови и веб- страници за мерење на среќата, документарци и научни трудови. Сето ова ги натераа да разберат дека покрај емотивната состојба, и среќата станува продукт со многу јасна формула и слика. Значи, таа може да биде прашање на конкретни практики. Уметниците се соочуваат со предизвикот да произведат среќа на сцената. За таа цел тие се опремени со стресни топки, шампањ и други пријатни стимули….

Перформансот “Made for Happiness” е добитник на националната награда IKAR – Национална театарска награда 2019 во категоријата Современ Танц и Перфроманс

Перформансот е во продукција на Brain Store Project и DNK – space for contemporary dance and performance. Во Кино Култура ќе се претстави во рамки на програмата „Уметност Политика Институција Тело“, организирана од Локомотива- Скопје, и поддржана од Град Скопје и Општина Центар. Продукцијата е поддржана од Културната програма на Опшина Софија за 2018 и Министерството за култура на Бугарија и се реализира во партнерство со Националната Палата за Култура и во соработка со Гете- Институт Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e