Пендаровски за утре закажа лидерска средба за одложување на изборите

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Твитер најави дека за утре е закажана средба со лидерите на политичките партии, на која ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери.


Лидерска средба утре во Вила Водно за можно одложување на парламентарните избори закажани за 12 април, датум договорен на средбата на парламентарните партии во октомври 2019. Ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

На средбата се очекува да се донесе одлука за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април.

Денеска лидерите на поголемите политички партии веќе изразија подготвеност за одложување на изборите поради коронавирусот.

Изборите на 12 април беа договорени на средба кај Пендаровски, во октомври минатата година, по француското „не“ за датум за преговори на земјава со ЕУ. На средбата учествуваа лидерите на сите партии во парламентот кои настапувале самостојно на изборите во 2016 година. Десеттите парламентарни избори, петти по ред вонредни во земјава, беа распишани вечерта на 16 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e