Пендаровски од Свети Николе: Правдата и правото се столбови на секоја демократска држава, неправда е да се брани насилство!

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денес ги посети граѓаните на Свети Николе.

Со граѓаните Пендаровски зборуваше за значењето правдата и правото како столбови на секоја демократска држава.

-Како претседател моја основна задача ќе биде да го кревам гласот за правда и правдина. Не може претседател да нема став и да не осуди насилство. Неправда е да се брани насилниот упад во Собранието, како што тоа го прави мојата против кандидатка, порача Пендаровски.

Од една страна стојам јас, заедно со мнозинството граѓани, за држава која се темели на правда, напредок и евроинтеграции. А од друга страна опозицијата и нејзиниот кандат чиј единствен приоритет е партијата и заштита на мрачното минато, додаде Пендаровски.

Попладне Пендаровски продолжува на средби со граѓаните на Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e