Пендаровски: „Медена Земја“ испрати освестувачки пораки!

-Двете номинации за Оскари2020 е успех кој еден македонски филм го постигна за првпат. „Медена земја“, оценета како врвно кинематографско остварување е културен производ со висока општествена вредност што испрати освестувачки пораки за заштитата на животната средина и овозможи промоција на земјава низ целиот свет, порача претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

-Браво за нашите културни амбасадори Атиџе, Тамара, Љубо, Атанас, Самир, Фејми и целата екипа која неуморно работеше на филмот!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e