Работите стануваат појасни кога знаеме дека имаме Судии, Обвинители, членови на ДИК и поранешни Пратеници, кои се осомничени или обвинети од СЈО. Најголемиот дел се за кривични дела на организиран криминал и злосторничко здружување.
Како ли само кај првиве „случајно“ се распределуваат политички сензитивните предмети? И зошто токму вториве се најгласни „бранители на демократијата“ баш кога СЈО им дише во вратот?
груевски десет години ја градеше својата криминална мрежа. Сега, вели дека тој и дпмне ќе дејствуваат вонинституционално.
Знаете колку треба некој да биде притиснат во ќош за да мора да дејствува надвор од институциите кои се под негова контрола?
Нам ни останува само да уживаме во последните крици на режимот, кои деновиве добиваат се понагласен циркуски призвук.
Фејсбук статус на Павле Богоевски, активист на Шарената револуција и избран пратеник во Собрание на Р.Македонија