Негативни реакции предизвика документот на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Понудениот „Патоказ“ други партии го оценија единствено како пат за брзо оддалечување од ЕУ, изолација и доказ за стравот од губење на власта, пишува Дојче Веле.
Никаков партиски „Патоказ“, туку само мирен и демократски трансфер на власта е гаранција за стабилизација на државата и создавање на основни предуслови за владење на правото и продолжување на евроатлантските процеси. Генерално, ова е одговорот од други партии за „политичкиот документ за излез од кризата“ што минатата недела го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а вчера го презентираше Антонио Милошоски.
„Ова е пат кон изолација, федерализација и најава за напуштање на европскиот пат“, се дел од реакциите за документот наречен „Патоказ“, кој ВМРО-ДПМНЕ го темели на неколку принципи: Создавање натпартиски договор за решавање на внатрешни разлики во институциите без странски претставници, само од страна на легитимно избрани претставници на македонските граѓани; Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на РМ од странски политичари или држави; Заедничко отфрлање платформи кои се надвор од уставното уредување или се спротивни на македонските интереси; Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот Рамковен договор.
Од СДСМ одговорија дека веќе постои граѓански договор за промени, за единствена, унитарна Република Македонија, за квалитетен живот за сите граѓани и за Македонија со евро-атлантска иднина.
„Има граѓански договор против криминалци како досегашната власт предводена од Никола Груевски. Милошоски безуспешно се обидува да го наметне Груевски како фактор. Граѓаните одлучија. Политичарите како Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ги создадоа проблемите, не можат да бидат дел од решението. ВМРО-ДПМНЕ да се помири дека е опозиција, да престане да ги кочи демократските процеси и да го почитува граѓанскиот договор“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Целиот текст прочитајте го тука