Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот од денешната седница ја констатираше оставката од пратеничката функција на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од досегашните најблиски соработници на Груевски заминува во адвокатура. Тоа тој лично го најави вчера преку пост на Фејсбук.
Тодоров пред само десетина дена во својство на министер за здравство потпиша тендер вреден 72 милиони евра за изградба на нов клинички центар во Скопје.