Н.С. од Крива Паланка, за кражба на осум тегли домашен ајвар и слатко, како и за три шишиња сок, во тамошниот суд, за кривичното дело тешка кражба е осуден на казна затвор во траење од три месеци, пишува весникот ВЕСТ.
Казната е условна, тоа значи дека во следниот период паланчанецот ако направи исто или слично дело ќе мора да ја одлежи.