Отворени денови на Катастарот

Агенцијата за катастар на недвижности од утре до 2 февруари следната година ќе организира нов циклус „Отворени денови“ за решавање нејаснотии и проблеми поврзани со катастарското работење, на кои, покрај граѓаните, првпат ќе може да учествуваат и приватни геодетски фирми и компании.

Денот посветен за компаниите ќе биде искористен за обуки, консултации и решавање посложени проблеми од тековното работење.

– На претставниците на приватните геодетски фирми ќе им биде овозможена посета на задолжителна интерактивна обука за овластени геодети, како  и воспоставување  непосреден контакт за консултации и  добивање релевантни информации од службениците на Агенцијата, рече на прес-конференција Горан Јовановски, претседател на  Комората на трговски друштва за геодетски работи.

Отворените денови за геодетите ги иницирала Комората со чие раководство Катастарот денеска одржа состанок за забрзување и подобрување на услугите за граѓаните. Анализирани се претежно технички работи кои со преточување во законски решенија треба да им ја подобрат работата.

Како што најави директорот на Катастарот Славче Трпески, активностите за „Отворените денови“ почнуваат утре за граѓани и задутре за бизнис секторот и за приватните геодетски фирми во Велес и во Штип, а ќе продолжат на 12 и 13  месецов во Охрид и во Струга.  За жителите на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода и Петровец, циклусот „Отворени денови со Катастарот“ ќе трае од 17 до 21 октомври.

Трпевски нагласи дека отворени денови ќе има во сите 30 подрачни катастарски одделенија и оти и оваа година останува можноста стручните тимови на Агенцијата за катастар на недвижности на барање на граѓаните да посетуваат и помали населени места или месни заедници. – Ги покануваме сите граѓани кои имаат нејасностии околу катастарот и правните работи да ја искористат оваа можност и да ги надминеме заеднички, рече Трпевски.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e