Отпуштен возачот на камионот кој пропадна во фонтаната

Возачот на камионот кој пропадна во партерната фонтана на градскиот плоштад вчера добил отказ во Ј.П. „Улици и патишта“, јави Телма, а колегите се солидаризирале, ја бојкотирале работата и успеале да го вратат.

Сакаат да останат анонимни, бидејќи и до сега се соочувале со притисоци и казни, но велат дека грешката е на обезбедувањето од Град Скопје, а не на возачот кој според нив знаел каде смее да вози, а каде не.

По, критиките во јавноста дека платото на фонтанта е нестабилно и ризично за минување, Град Скопје излезе со верзија дека многу камиони носеле опрема до гранитната патека, а овој возач иако предупреден, продолжил да вози врз фонтанта.
Директорот на Ј.П. „Улици и патишта“ Синиша Ивановски не одговара на повиците за да го одговори чии тврдења се точни, и зошто веднаш покренал отказна постапка. Дотраениот камион на улици и патишта, завлезе во фонтаната на градскиот плоштад која од под плочките исфрла водоскоци.

Превезувал метални прегради за обезбедувањето на бината за прославата и дочекот на ракометарите на Р.К. „Вардар“. Пред две години владата и 1/3 учество на Град Скопје платија 2,5 милиони евра на фирмата „Трансмет“ за да инсталира т.н. сува фонтана од 100 квадратни метри на градскиот плоштад која денеска експресно се поправаше, а и се заменуваа искршените делови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e