ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПЛАТФОРМАТА

За да се случи мирен трансфер на власта и да се зачува мирот и унитарноста на државата би било добро лидерите на албанските политички партии да покажат државотворност и грижа за иднината на државата и во овој момент самите да се откажат од нивната заедничка Платформа.

Во меѓувреме потребно е целосно и доследно спроведување на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа кој е предложен од Владата на Груевски и усвоен во Собранието на Република во 2008 година како и неговите измени и дополни во 2011 година за употреба на Албанскиот јазин во Собранието и неговите работни тела усвоени по скратена постапка. (Службен весник на РМ број 101/08 и 100/2011)

Исто така бидејќи Владата на Груевски во 2015 година даде народни пари за ирзаботка на Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија потребно е најитно да се разговара за можна и реална реализација на она што се согласил и препорачал тој и неговата Влада. (моја забелешка дека бајаги, бајаги се согласил човекот-поранешниот премиер)

На тој начин ќе се разнебити монструзното сценарио за спас на предвидливата иднина на лажните патриоти и криминално политичко-партиски структури во државата закамуфлирано зад заштита на државните и национални интереси. Државата ке почне нормално да функционира, тензиите ке паднат, а злосториците и сите оние кои работеа на поделба и распад на нашата држава ке ги чека заслужената казна.

П.С. За што се се согласил Груевски и што препорачала Владата под негова команда пред да се потпише и објави Платформата можете да прочитате на овој линк – https://view.officeapps.live.com/op/view.aspx…)
Внимателно прочитајте, па сами оценете – Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e