Отец Ѓоргевиќ: Бизнисот и политичката заедница не треба да кажуваат кога да се слави Божиќ

Отец Милан Ѓоргевиќ во денешната дебатна емисија на ТВ24 во однос на прашањето дали Божиќ треба да се слави на 25 декември наместо на 7 јануари и дали треба да биде прифатен Грегоријанскиот календар вели дека не може да разговараат за такво нешто луѓе кои не се компетентни и дека за тоа треба да одлучуваат оние кои го практикуваат, а тоа е црквата.

-Календарот не служи за ништо друго освен за организација на литургискиот живот на Христијаните. Оние кои се компетентни да разговараат за тоа, е тие што го практикуваат. Чудно е тоа зошто бизнис и политичката заедница се засегаат кога да се слави Божиќ. Да не ми беше позната таа балканска чаршиска култура, ќе бев многу загрижен кога ќе слушнев дека со сила треба да се промени календарот. Кажаното е кажано и покрај тоа што не мора да го сфатиме буквално, загрижува, вели отец Ѓоргевиќ.

Тој вели дека црковниот живот е нешто што не може да се разбере доколку не се вкуси, не се живее и не се испочитува одвнатре. Според него, секој обид црвката да се опсервира од надвор и да се извлекуваат заклучоци е однапред осуден на делумност.

-Религиозноста е нешто што се именува како примарен дискурс, верскиот живот не може да биде секундарен дискурс или дискурс кој може да го гледаме од горе и да го координираме, вели отец Ѓоргевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e