Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час), изјави на прес-конференцијата премиерот Оливер Спасовски.
„Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Дозволено движење на лица вработени во полиција, противпожарна служба и комунални служби кои се на работа, лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, животно загрозувачка состојба, лица на дијализа исклучиво во придружба на две лица.
Да се ограничи бројот на дежурни аптеки;
Такси компаниите да имаат ограничн број возила за дежурства за превоз кон и од болничка установа или аптека.
Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21 до 6 часот;
Дежурните екипи на ЕВН, Водовод, Топлификација, телекомуникациски служби дозволено да се движат само со претходна најава во полиција.
Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетoт на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.
Се забранува движење на населението во групи поголеми од 5 лица и преку ден.
Директорите, управителите на погони фабрики и институции се задолжуваат да го прилагодат производството согласно полицискиот час.
Да се ограничи влезот на лица во објекти (како маркети и институции) согласно бројот на каси или шалтери“, истакна Спасовски.
