Осум полициски специјалци повредени во сообраќајна несреќа

Осум припадници на специјалните сили на МВР се тешко повредени во синоќешната сообраќајка која се случи на булеварот Партизански одреди во Скопје, пренесе ТВ 24.

Тие биле во полициско транспортно возило кое било дел од голем конвој. Во еден момент, поради непочитување на сообраќајните прописи и неприлагодена брзина во конвојот удрило „ауди“ со скопски регистарски таблички.

Повредените со возило на итна помош се префрлени на скопските клиники и во старата градска болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e