Голем дел од нивите кои лани беа поплавени во скопско ќе останат без посев. Иако пролетната сеидба е во тек, мал дел од земјоделците навреме успеале да ги вратат нивите во нормала и да ја почнат сеидбата. Дел од земјоделците во Стајковци и во Синѓелиќ велат дека пролетната сеидба ја почнале со долгови. Кој има пари ќе има и за производство, оние кои немаат пари нивите ќе ги остават непосеани.
„Има многу намалување на површините. Нормало е тоа затоа што требаат пари за сеидба. Јас досега земав само 60 метра намотка од црева, а ќе ни бидат потребни барем уште 50. Земав 50 цевки за фолии оти се беше уништено и расипано. Огромни трошоци се. “ – вели Крсте Крстевски – земјоделец
„Се надеваме дека навреме ќе извадиме оваа реколта. Се активиравме уште по поплавата ги саниравме штетите, општината вооопшто не ни помогна. Мислам дека ќе успеее да се повратиме во првобитната состојба. Ќе биде малку потешко. Имаме поголеми површини, а тешко беше да се повратиме во првобитна состојба. Ние немаме десет фолии имаме 70 фолии и малку време треба за да се санира се. Сеуште немаме добиено пари оштета за репроматеријалите како најлони, шипки, цевки и системите капка по капка. Се сами.“ – изјави Борис Крстевски – земјоделец
„Моментално неработиме. Нема пари. Оддржавата ни дадоа обештетување само за посевот но не и за репроматеријалите. Не сме зеле ниту субвенции. Јас сега земав пари на заем за да купам најлон, шики и друго за да ги обновам фолиите. Државата не ни ја исплати штетатат за нив. Рекоа дека по 10 илјади денари ќе ни исплатат за фолија но ете уште нема пари.“ – изјави Ќемал Небија – земјоделец
Скопските градинари велат дека освен тоа што државата им должи парите за репроматеријалите кои беа уништени во минатогодишните поплави, дополнителен товар им е и што субвенциите никако да се ипслатат. За разлика од годинава, минатите години во овој дел од скопското поле речиси и да немаше нива која не беше засеана со пиперки, домати, јагоди или компири. Оваа година заради немање на пари голем дел од нивите личат на опустошено земјиште.